Texas Hold’em

Texas Hold’em е вид на покер каде што се најпрвин се делат по две карти на секој играч. По делењето на картите играчите се во можност да вложуваат, да плаќаат влогови, да се откажуваат или да го „чекират“ (доколку претходно имаат вложено чипови во пот-от). По поминувањето на првиот круг за вложување, се делат 3 откриени карти на масата (Flop – Флоп). Пред делењето на тие три карти, се тргнува („гори“) една карта, тоа се користи на некој начин како по „мешовито“ делење на картите. После делењето на Флопот доаѓа уште еден круг за вложување. По кругот за вложување повторно се фрла една карта и на маса се става уште една карта (Turn – Трн). После трнот доаѓа уште едне влог круг, па по кругот за вложување се фрла уште една карта и се вади  последната карта  односно Риверот (River). По риверот следи и последниот круг на вложување и на крај се откриваат картите и за победничка рака се смета онаа рака која има највредна комбинација на картите во раката со/или тие на масата.

Коментари