Аубин Казалс освои еден од маратонските турнири одржани досега

Лас Вегас, Невада – Виртуелниот непознат покераш, Аубин Казалс го освои новиот турнир кој за прв пат беше претставен на WSOP во Лас Вегас – No-limit Hold’em Mixed Max со $5,000 учество.

Казалс, 21 годишен онлајн покер играч ја освои најголемата сума од $480,564. Исто така и се закити со својата прва златна нараквица. Но ова не беше нај интересната работа на турнирот. Иако овој турнир е направен да се игра четири вечери, сепак се одржа и петтата непланирана вечер.

Се започна во Кан, Франција, на WSOP Европа минатиот октомври. Познат и како No-Limit Hold’em (разделена форма), турнирот бара од учесниците да играат три различни игри распоредени во четири вечери.

На овој турнир во Лас Вегас, првата вечер се играше со девет раци (полна маса од девет играчи). Втората вечер играта се намали на шест раци. Третиот и четвртиот, заедно со ненадејниот петти ден се играше хедс-ап. Последните 32 играчи играа во парови за на крај да се стигне до победникот.

На турнирот се пријавиле 409 учесници, дури три пати повеќе од бројот на учесници на минатогодишниот WSOP Europe. Но затоа се појави и неочекуваниот дополнителен петти ден.

Аубин Казалс најпрвин седна против Варвик Мирзикиниан во полифиналето од хедс-апот. На другата страна другиот полуфинален меч се одржа против Жозеф Чеонг и Хуго Лемер. Помина еден час од полуфиналето, па два, па три, па четири. Се до 10 часот навечер по долги точно 9 часа и 25 минути игра по одиграни 300 раци, Казалс конечно го исфрли Мирзикиниан.

Финалето се играше 5 часа помеѓу Казалс и Чеонг, каде Аубин со својот трилинг Кралеви го „испразни“ својот противник. Жозеф Чеонг заврши на втората позиција со освоени 296,956 американски долари, а додека неговиот противник Аубин Казалс, веќе познато, ја освои својата прва златна нараквица и најголемата парична награда на турнирот од $480,564.

Коментари