Вложување после четвртата и петата улица

Вовед

Со текот на времето, со стигнувањето на раката до четвртата и петата улица, твојата игра ќе зависи од помалку генерални принципи и  повеќе специфични тактики според ситуацијата. Ќе почнеш да ја вреднуваш силата на твојата рака, силата на рацете на противниците, твојата позиција, нивниот стил на игра и нивното мислење за твојата игра, бројот  на чиповите, итн. Помалку или повеќе, постојат неколку идеи кои одговараат на одредени игри за четвтата и петата позиција.

 

Игра која ги освојува највеќето можни чипови

На ред е трнот (четвртата улица), се наоѓаш heads-up со еден играч, и веруваш дека имаш подобра рака. Имаш уште две можности за влог, после трнот, и после риверот (ако твојот противник го следи твојот влог пред риверот). Сакаш да освоиш два влога наместо еден, или еден наместо ниеден. Кој е најдобар начин за игра за да освоиш што поголем број на чипови од противникот?
За повеќето почетници и многу поискусни играчи, ова прашање изгледа неверојатно здодевно. Нивната идеја  за no-limit hold’em е да се глуми слаба рака кога се јаки, флопирајќи ги брливите, закопувајќи ги сите свои чипови  во потот, и потоа да бидат следени и да се дуплираат. Кој се грижи во врска со освојување на некој влог плус со некои надпросечни раци?
Всушност, и треба да се грижиш, бидејќи по текот на долг турнир, овие екстра влогови би можеле да се соберат во голем број на чипови, чипови кои ќе те одржат во живот додека твоите блудни противници се пробиваат.

 

Контиуиран влог на Четвртата Улица

Многу пати ќе се најдеш во иста позиција на трнот со онаа од флопот. Имаш рака, и можно е да е најдобра, но може и не. Го превземаш водството во вложувањето дали пред или после флопот, или и во двата случаи. Твојот противник може да се откаже, а може и не, но ти тоа не го знаеш сигурно. Можеш да пробаш континуиран влог и на трнот. Само води со влог, половина од големината на потот. Како претходно, не ризикуваш многу чипови и добиваш некои добри коефициенти. Без разлика како твојот противник реагира, ќе научиш нешто во врска со јачината на неговата рака.
Важно е да се менуваат пристапите (стиловите на игра) до самиот крај, како начин на погрешна претстава за стилот на игра и оневозможување на противникот да те прочита.
Секогаш биди во потрага по креативни начини за здобивање со информации додека ти остануваш необјаснив.

 

Играње на картите кои се влечат

Ова е многу вообичаена ситуација за Четвртата Улица. Имаш вистинска рака и мислиш дека е моментално најдобра рака. Мислиш дека противникот чека карта на риверот. Ако таа карта биде извлечена на Петата Улица, ќе те победи. Што би требало да направиш? Што би требало тој да направи?
Првата точка за забележување е едноставна: Ако се сомневаш дека си против рака која чека карта, мораш да вложиш на трнот, не на риверот. Чекирање на трнот и вложување на риверот е голема грешка. Со самото чекирање му дозволуваш да ја добие посакуваната карта бесплатно, што е еден од најгрешните потези во покерот. Како и да е претпостави дека сега ти си оној на кој му е потребна карта на Петата Улица. На трнот, твојот противник вложува. Кои коефнициенти на потот би требало да ги следиш?
Еве еден пример за да поедноставиме раотите: Имаш две Детелини во рацете и две на маста, очигледно очекуваш уште една детелина на риверот.  Веќе имаш видено шест карти, четири од нив се детелини а другите две не се. Останатите 46 карти ги содржат тие 9 карти во детелина и 37 не-детелини. Па коефициентот за можна боја е 37 : 9, или 4 : 1.
Ако си доста сигурен дека бојата е дефинитивно победничка рака за тебе, тогаш се додека имаш коефициент 4 : 1, можеш да го следиш влогот на трнот. Всушност, 4 : 1 се повеќе шанси отколку што ти се потребни, поради две причини.

1. Откако ќе ја добиеш детелината, можеш да добиеш голем влог на риверот. Таму се коефициентите на потот за кои зборувавме во четвртата глава. Тие неможат да бидат одредени прецизно, бидејќи незнаеш дали влогот ќе биде следен, или колку голем влог може да биде следен. Но можноста сепак вреди нешто.
2. Можеби и нема да ти биде потребна детелината за да победиш. Едноставно ако сврзиш пар, можеби твојата рака ќе победи, или твојот противник можно е да блефира, а со тоа ти веќе ја имаш победничката рака.

 

Играње против карти кои се влечат

Ако имам солидни вредности и мојот  противник чека карта за боја, тогаш се наоѓам во спротивна ситуација од претходната. Основниот проблем овде е да се одреди колку да се вложи. Ако чека боја и ако го следи мојот влог, тогаш тој прави грешка. Се додека го присилувам да направи грешка, мојата работа се завршува, без разлика дали ќе ја извлече картата или не.

Со одредување на влогот според големината на потот, можам да го контролирам коефициентот на потот. Сега ќе ви претставам кои коефициенти ги добива мојот противник во завсиност од мојот влог.

Двапати по потот – 3 : 2
Целиот пот – 2 : 1
3/4 од потот – 7 : 3
2/3 од потот – 5 : 2
Половина од потот – 3 : 1
1/3 од потот – 4 : 1
1/4 од потот – 5 : 1

Добро би било ако се вложи 3/4 или 2/3 од потот, бидејќи ако добие околу 3 : 1  коефициент на потот, би било разумно да го следи твојот влог. Па затоа влог половина од потот е малку мек. Од друга страна не сакаш да вложиш премногу. Ако вложиш премногу и тој се откаже, тогаш тој го направил правиот избор, а твојата цел е да ми земаш што поголем број на чипови.

 

Кога ќе те погоди Лошата Карта

Играш солидна рака и веруваш дека твојот противник е чека карта. На риверот, картата има ист знак со уште две карти во ист знак, или може да се комбинира потенцијална скала. Твојот противник вложува. Што би требало да направиш?

1. Ако вложува против два или повеќе играчи, откажи се. Премногу е очигледно дека некој од останатите играчи би го следеле, што тој и го знае тоа, па прикажува голема сила.

2. Ако е познат блефирач, следи. Понекогаш ќе има добра рака, па тебе ќе биде жал за тоа бидејќи си изгубил. Но ќе земаш многу повеќе чипови од блефовите ако ги погодиш.

3. Не е познат блефирач, па затоа треба да ги провериш коефициентите на потот. Со коефициент од 1 : 1 до 1.5 : 1, би требало да се откажеш. Со коефициенти подобри од 2 : 1, би требало да се стремиш кон следење.

Коментари