Вложување после флопот

Вовед

Флопот е многу битен момент во покерот. Со него се покажуваат 60% од картите на масата. Уште од флопот можеш да добиеш доминантна рака. На крајот од турнирот тој и не е толку битен бидејќи блиндите се многу поголеми отколку на почетокот на турнирот, каде е многу битно да се донесе правата одлука (зголемување, следење, откажување и чекирање).

Структура на флопот

Кога остануваш во игра за флопот, сакаш да ти се случат една од следниве две работи.

1. Да добиеш комбинација со што ќе ја подобриш твојата рака.
2. Некој од твоите противници да не си ја подобри раката со флопот.

Можеш веднаш да кажеш дали флопот помогнал во твојата рака или не, но неможеш да одредиш дали тој му помогнал на некој од твоите противници. Затоа ти треба да ја анализираш „Структурата на флопот“. Добра структура претставува кога флопот не му помогнал на противник кој претходно го следел твојот влог, или му помогнал на некој од твоите противници, но не толку колку што ти помогнал тебе. Лоша или опасна структура претставува кога флопот му помогнал на твојот противник, а воопшто не ти помогнал тебе.
Во анализирањето на структурата на флопот, важни се следниве факти:

1. Луѓето стремат кон играњето на Кецовите.
2. Сакаат да играат карти во ист знак.
3. Сакаат да играат со две високи карти.

Анализа на флопот за одредени раци

За одредени раци постојат различни флопови. Во продолжение ќе бидат наведени само неколку од нив

Почетна рака – А♦А♣. Зголемуваш 4 пати по големата блинда на третата позиција и те следи играч на шестата позиција.
Оваа рака е најдобра почетна рака, но немора секогаш да значи дека е секогаш победничка рака.

Флоп: 3♠ 3♥ 3♦. За оваа (и уште неколку) раце најдобар е овој флоп. Веќе имаш Фул Хаус со твоите два кеца во рака. Со оваа рака имаш најмоќен фул хаус и единствено нешто што може да те победи е покер, односно четири исти карти (во овој случај уште една Тројка). Овде може да играш бавна игра, односно да го местиш играчот, бидејќи веќе имаш загарантиран пот.

Флоп Ј♠5♥5♦. Овој флоп се гледа почесто од претходниот. Исто како и претходниот флоп и овој флоп е поволен за тебе. Овој флоп може на противникот да му даде два пара или ништо, што во овој случај е добро за тебе. Единствена комбинација која може да те победи во моментот е 5Х или Ј5. Во овој случај најдобро е зголемиш за половина од потот, бидејќи ќе мисли дека немаш ништо поради зголемувањето пред флопот.

Флоп А♠Q♥K♦. Ова е исто добар флоп но не секогаш профитабилен. Фактот е тоа што ти имаш трилинг кецови но некој можеби веќе има комбинирано скала ако држи ЈТ. Најдобро е да зголемиш половина од потот и во зависност од тоа како ќе реагира противникот, можеш да одредиш дали држи потенцијална скала во себе.

Флоп 9♠8♠7♠. Ова дефинитивно не е добар флоп за тебе. Како прво сите карти се во исти знак па можно е некој да има боја, како второ сите три се под ред па можно е некој да има скала, а најлошиот случај е ако некој има Стрејт Флеш односно скала во ист знак. Би чекирал и не би платил ниту еден чип ако противникот вложи после овој флоп.

Почетна рака – К♣К♦. Зголеми на третата позицја. Сега те следеле два играчи после тебе.

Флоп: А♠7♥К♦. Овој флоп е одличен за тебе во овој случај. Со овој флоп, моментално победуваш пар кецови, па дури и два пара и трилинг седмици. Единствено од што губиш е трилинг кецови. Најдобро во овој случај е да зголемиш 2-3 пати од големата блинда, бидејќи ако те следи некој со пар кецови или било кои два пара автоматски си ги фрла чиповите.

Флоп А♠Т♥Q♦. Овој флоп не е многу поволен за тебе. Шансите за добивка се 50-50, бидејќи ти веќе имаш пар кралеви, но некој може да има пар кецови или потенцијална скала. Единствена доминантна рака ти е ако ти излезе Џандар на Четвртата Улица (Трнот), па да добиеш скала. Чекирањето овде не доаѓа во предвид бидејќи ако вложи некој после тебе, тогаш нема да знаеш што да правиш, односно ќе имаш за задача да донесеш тешка одлука, а ти тоа не го сакаш.

Флоп 9♠7♦6♠. Моментално ти победуваш во оваа рака, но потенцијалото влечење на картите е опасно. Вложи нешто околу 3/4 од големината на потот. Со тоа ќе им зададеш тешки одлуки на играчите кои очекуваат скала или боја во следните извлекувања.

Почетна рака – 9♣9♦. Има зголемување на петата позиција, два пати поголема од големата блинда. Играчот на шестата следи исто и ти на „копчето“ позиција.

Флоп А♠4♥9♦. Твојот идеален флоп. Веројатно некој од противниците има Кец-Х, па дури и два пара. Твоја е одлуката дали да играш бавна игра или веднаш да вложиш после флопот.

Флоп А♠5♥Q♦. Лош флоп за тебе. Ако некој направи влог пред тебе, веднаш откажи се од раката.

Флоп 7♠2♥4♦. Добар флоп, бидејќи моментално имаш најдобар пар. Ако пред тебе играчите чекираат, тогаш зголеми околу 2/3 од големината на флопот.

Почетна рака Ј♠Т♠. Има два следачи пред тебе, исто и ти следиш. Следува уште еден следач после тебе. Ти си трет по ред за поставување на влог.

Флоп A♠K♦Q♥. Одличен флоп. Уште од флопот имаш рачна скала. Во овој случај остави другите да започнат со вложување.

Флоп 9♠8♠3♦. Уште еден одличен флоп. Иако сеуште не си направил победничка комбинација, имаш големи шанси да направиш скала, боја, најдобар пар, па дури и стрејт флеш, со оглед дека се слободни и Q♠ и Ј♠.

 

Корисни влогови

Нема ништо мистериозно или измамничко во врска со корисниот влог. Започнуваш со две добри карти пред флопот. Флопот ти помогнал на некој начин и моментално имаш рака која е всушност најдобра, како највисок пар. Како би требало да продолжиш да играш?
Нема потреба да бидеш практично умен. Освен ако си добил „чудовиште“ на флопот, генерално не би сакал да играш бавна игра. Во другите случаи би сакал да зголемуваш, за да ги елиминираш послабите раци кои очекуваат поволно влечење на 4та и 5та улица, односно на трнот и на риверот. Повеќето играчи би сакале во овој случај да зголемат 50% или 100% од големината на потот. Монструозни раци се вообичаено  раци како трилинг и подобри и најчесто тие се играат бавно.

 

Континуирани влогови

Континуиран влог е влог направен после флопот од играч кој направил влог пред флопот. Ова е многу важен влог, во кој ќе се најдеш себеси во користењето и комбинирањето за време на турнирот.
За влогот да се смета како континуиран, мора да постојат следните услови:

1. Играчот кој вложува е истиот кој прв го зголемил почетниот влог пред флопот.
2. После флопот, сеуште нема поставено влог.
3. Играчот кој претходно го зголемил последниот влог, го промашил флопот.

Под овие околности, вложувачот пред-флопот може да направи континуиран влог, дури и да не му помогне флопот.
Кога правиш континуиран влог, се надеваш дека ќе го освоиш флопот веднаш. Иако флопот те промашил тебе, противникот сеуште не го знае тоа. Флопот може да го промашил и него. Па фактот дека си покажал сила пред флопот, како и после него, им задава на противниците тешки одлуки, освен ако не се добиле монструозна комбинација после флопот.

 

Испитувчки влогови

Испитниот влог е сличен како и континуираниот, но е направен кога не си вложувачкиот лидер пред флопот. Испитувачкиот влог ти дава шанса веднаш да го освоиш потот, но исто така ти помага и да дефинираш рака, присилувајќи го лидерот да одлучи дали да се откаже, да следи, или да го зголеми влогот. Зависно од неговата реакција, ти ќе имаш појасна слика за тоа каква рака има.

 

Коментари