Играта на No-Limit Hold’em-от

За постигне голем успех во no-limit hold’em покерот постојат повеќе факти кои треба да бидат запазени освен картите во рака.

1. Кој е статусот на турнирот?
2. Колку играчи има на масата?
3. Кои се играчите на масата?
4. Споредбата на твоето конто со блиндите.
5. Колку се големи противничките конта на масата?
6. На кое место седиш спрема агресивните и пасивните играчи?
7. Кои влогови се направени пред тебе?
8. Колку активни играчи се останати после тебе?
9. Колкави се шансите за добивка?
10. На која позиција се наоѓаш после флопот?
11. Кои карти ги имаш?

Овие факти можеби изгледаат многу, но и всушност се. Затоа и No Limit Hold’em покерот е најценет и највреден вид на покер. Па ако размислувате да станувате професионалец во No Limit Hold’em, треба да бидете горди бидејќи тоа е доста тешко, а со тие способности може да бидете и богато наградени. Сега да ги објасниме сите горенаведени факти:

1. Кој е статусот на турнирот? – Повеќето турнири даваат награди на 5-10% од играчите, отколку некои кои плаќаат многу помалку. Се додека не се достигне „добитната“ бројка (бројот на останати играчи на турнирот кои имаат загарантирана добивка) играта се одвива нормално. Откако ќе се достигне онаа „добитна“ бројка, играта станува се по напната и по агресивна, особено за добрите играчи ова е шанса за да направат лесни пари со „крадење“ на чипови.

2. Колку играчи има на масата? – Полна маса (од 9-10 играчи) бара стегната игра. Колку повеќе луѓе влегуваат во игра после тебе, толку се помали шансите за добивка со слаба рака. Додека на помала маса (6 или помалку играчи) ранкот на картите се зголемува, исто се зголемуваат и шансите за добивка. На крајот од турнирот кога бројот на играчи се намалува речиси до крај (2, 3, или 4 играчи), треба почесто да се биде во потот доколку сакаш да „останеш во живот“.

3. Кои се играчите на масата? – Дали нивниот стил на игра е пасивен или агресивен и колку од нив се пасивни или агресивни. Дали има само агресивни играчи или само пасивни играчи. Дали на твојата маса има играчи кои се познати, а со тоа и нивниот начин на игра. Тоа се речиси главните особини за овој факт. Најдобар потег во такви моменти е да се игра спротивно од стилот на играчот. Пример ако масата е агресивна, ти играј пасивно. Учествувај во потот само ако имаш добри карти од кои можеш да очекуваш добивка. Или пак ако масата е пасивна, ти играј агресивно т.е. вложувај со цел да одкрадеш неколку потови.
Карактерот на играчите исто така е важна особина за тоа колку бавно или брзо сакате да играте. Најудобна маса е која има многу пасивни играчи.

4. Споредба на твоето конто со блиндите. – Всушност не е толку битен почетниот влог, но тоа што е битно е твоето конто на чипови споредено со почетниот влог на масата. Ако тој е многу мал во споредба со твојот број на чипови, тогаш може да преживееш многу рунди без да учествуваш во потот. Доколку твоето конто е за неколку пати поголемо од почетниот влог, тогаш треба да се потрудиш да освоиш некој чип повеќе ако не сакаш почетниот влог да те „лапне“.

5. Колку се големи противничките конта на масата? – Ако имаш голем број на чипови во споредба со другите играчи, тогаш ти можеш многу лесно да им крадеш чипови. Ја имаш моќта да ги елиминираш од турнирот, па дури и да изгубиш, сеуште имаш останато многу чипови. Ако твоето конто се наоѓа на средината од контата на другите играчи, сеуште ќе можеш да им крадеш чипови на играчите со помал број на чипови од тебе, но треба да бидеш претпазлив од оние кои имаат поголем број на чипови од тебе, бидејќи не заборавај ја имаат моќта да те елиминираат од турнирот.

6. На кое место седиш спрема агресивните и пасивните играчи? – Редот на активност на масата се одвиваат според стрелките на часовникот. Тоа значи дека твојата идеална позиција е да седиш десно од агресивните играчи, а лево од пасивните. На тој начин можеш да открадеш потови од пасивните играчи, додека агресивните играчи размислуваат како да реагираат на твојот влог. Ако седиш од лево од агресивните играчи, тогаш треба да играш помалку раци и да ги играш умно.

7. Кои влогови се направени пред тебе? – Најјаката рака пред флопот е пар кецови. Сите други раци се споредуваат со влоговите направени пред да дојде твојот ред. На пример рачни пар џандари се добри ако претходно неколку играчи се откажале од своите карти т.е. фолдирале. Но ако претходно е направен влог, па потоа поголем и уште поголем влог, најдобро е да размислите пред да одлучите кој ќе биде вашиот потег.

8. Колку активни играчи се останати после тебе? – Ако после твојот потег е прв, ти си во многу побезбедна ситуација за разлика од играчите кои се после тебе, а тоа значи дека ќе те следат без разлика што и да правиш. Во обратна ситуација, ако си последниот кој треба да вложува и ако пред тоа има внесено влог, а потоа доаѓа следење на тој влог, од страна на друг играч, најдобро е само да се следи влогот. Ако на почетокот од кругот е вложена извесна сума на чипови, а потоа таа сума е зголемена од друг играч, тогаш најдобар одговор би бил ако се следи последно поставениот влог, или да се постави уште поголем влог.

9. Колкави се шансите за добивка? – При поставување на влог, најбитно е секогаш да се споредуваат шансите за потот и шансите за картите. Секогаш е најдобро ако потот дава поголеми шанси за добивка отколку шансите за комбинација на картите. Треба да имате во предвид и тоа кои му се шансите на противникот, за да видите дали можете да го натерате тој да се откаже или да го привлечете во стапица.

10. На која позиција се наоѓаш после флопот? – Најлоша позиција за флоп е онаа позиција која треба прва да го искаже својот влог, бидејќи не се добиваат нови информации во врска со противниците. Добро е да се дејствува последен, бидејќи сите други претходно го изиграле својот круг за вложување и со тоа можете да зберете информации и да си претставите какви карти имаат вашите противници.
Позицијата е доста важна за некои играчи, бидејќи од позицијата зависат и можностите во круговите за вложување. Понекогаш пред флопот, може да се зголеми влогот наместо да се следи претходно поставениот влог, само со цел да се избркаат играчите чиј ред е после твојот.

11. Кои карти ги имаш? – И на крајот како помалку битен но исто толку вреден факт се карите што ги држите во рака. Сепак ако се следат сите претходни факти, понекогаш картите во рака не се битни. Во овој случај најдобро е да ги играте играчите, а не картите. Сето тоа е дефинирано во еден поим а тој е Блефирање.

Коментари