Настанок на WSOP и неговиот прв шампион

WSOP (World Series of Poker) е турнир кој се одржува низ целиот свет. За прв пат е организиран во 1970 година од страна на Бени Бинион. На првиот турнир учествувале 7 до тогаш најпознати покераши во САД. Турнирот се одржувал во казиното „Horseshoe“. Но всушност тоа не бил натпревар во покер туку организаторот ги прашал на сите 7 лица, за кој од нив мислат дека е најдобар покер играч. Сите, освен еден глас, отишле кај Џони Мос, таканаречен „прачовекот на покерот“. Роден во 1907 година, Џони уште во тинејџерските години почнал да се занимава со покерот. Најголема слава Џони Мос стекнал во 1949 година кога играл против Ник „Гркот“ Дандалос. Тогаш се случила и маратонската игра, која се играла околу 5 месеци.
Веќе од следната, 1971 година се одржал и официцијалниот натпреварувачки турнир во покер. Сепак шампион бил бранителот на титулата, односно Џони Мос. Со тоа докажал дека првата е вистински шампион во тоа време. Вкупно има освоено 8 WSOP наслови меѓу кои и 3 главни настани. За последен пат Џони Мос играл на турнирот во 1997 година.

Коментари