Настанок на Европскиот Турнир во покер – EPT

 

 

Инспирирани од популарноста на светскиот турнир во покер (WSOP) тимот составен од иновативни и посветени луѓе. Во 2004 година е започната првата серија од европскиот турнир во покер со цел да се создаде успешна телевизиска серија, но и покерот да добие признание како спорт, не само во Европа, туку и низ целиот свет. На овој турнир може да учествуваат играчи од целиот свет, а и доста европски покераши се истакнаа со својата игра како Рем Вашвани, Марсел Луск, Бруно Фитуси и Дејвид Улиот.

Во споредба со WSOP, EPT зазема помал размер. Просечните бај-инови се на половина цена во споредба со оние од светскиот турнир, но затоа пак и паричните награди се исто така значително помали. Тие се движат околу 100,000 американски долари кои се и доста исплатливи и привлекуваат голем број на високо рангирани играчи. Турнирите се одржуваат во Франција, Данска, Шпанија, Велика Британија, Ирска и Германија, но тука спаѓа и Монте Карло каде се одржува финалната маса на турнирот. Финалната маса е ограничена на 8 седишта и тука се среќаваат победниците и второ пласираните од турнирите кои се натпреваруваат за парична награда од 650,000 Евра.

Главен спонзор на овој турнир е веб порталот Pokerstars.com кој е моментално најактивен и најкористен портал кој се користи за онлајн играње на покер. Многу од онлајн играчите можат да освојат и учество на EPT турнирите и многу од нив досега имаат заработено голема сума на пари.

Коментари