Џони Чен (Johnny Chan)

Џони Чен (Johnny Chan) е еден од најдобрите светски покераши. Има освоено 10 WSOP нараквици, 44 WSOP парични награди со вкупен износ од 4,322,593 американски долари.
Роден е во Кантон во Кина, а живее во Серитос, Калифорнија.
Во 1987 и 1988 е шампион во главниот настан на WSOP (World Series of Poker Main Event) и е втор по ред во број на освоени нараквици, само една помалку од Фил Хелмјут кој има освоено 11 нараквици.
Занимливо е тоа што победничката рака во 1988 година на шампионатот кој ја имал Џони е всушност изрежирана во филмот „Rounders“.

Коментари