EPT 8 Кампинон: Јаник Вранг го освои турнирот и заработи 640,000 евра

За разлика од другите настани оваа сезона, оваа финална маса беше навистина долга. Причината за тоа беше тоа што играчите имаа изедначен број на чипови и сте беа со големи амбиции за победа. Кога третиот ден се раздолжи на седум нивоа, намалувајќи го полето на 24, зема часови во споредба со финалето кое се одржа на 31 март. Финалната маса се играше речиси 13ипол часа.

Јаник Вранг го освои својот прв ЕРТ наслов, трет по ред за Данска, во казиното ди Кампион, освојувајќи 640,000 евра.
„Бев навистина напнат за Оливер да испадне од масата кога отиде ол-ин, бидејќи тој е многу тежок играч.“ – рече Вранг, наскоро по завршувањето на турнирот. „Всушност сите беа навистина добри, ова беше пеколна финална маса“.

Природно надарениот играч, Оливиер Бускетс беше неверојатна опасност за противниците во претходната недела, издржувајќи ги сите „рудари“ кои се обидоа да го ограбат, но тој продолжи по својот план со желба да го освои својот прв ЕРТ наслов. Пред 2-3 недели во Мадрид гледачите успеале да видат на што е способен кога е шорт стак, односно кога има најмалку чипови. Во Недела демонстрираше на што е способен кога има голем број на чипови.

Робин Јитало, кој беше исфрлен прв од финалната маса, претходно има стигнато до финалната маса на ЕРТ, додека на седмото место Стефано Пучили, последниот Италијанец од 42% учество на италијанци, се има стекнато со насловот на Италијанскиот Покер на неговото име.

На 6то место заврши Марио Нејџл, кој освои SCOOP титула во 2011, следен од импресивниот Коен де Вишер, кој изигра доста тешки игри претходната недела, само за да заврши на 5то место.

Како што часовникот поминуваше 12 часот по полноќ Балаж Ботонд, храбар играч, направи голем потег на трнот но Вранг имаше највисок пар и можна боја, па го исфрли од игра.
Дури после час и половина отпадна и следниот играч, а тоа беше Фабрис Сулиер.
Французинот изгледаше како да е бил буден 36 часа. Ова беше негова прва ЕРТ финална маса, покрај неговата успешна кариера во Европа и Америка. Шорт стак во споредба со неговите два противника, Сулиер отиде ол-ин со крал, кој се спои во пар на флопот, но изгуби од кецот на Вранг, кој си најде свој партнер на трнот.

По овој потег ги остави противниците со речиси изедначен број на чипови, но как специјалист за хедс-ап (еден на еден), Бускет беше фаворит. Но Вранг покажа зошто е заслужено на финалната маса, па така откако Бускет отиде ол-ин со кец и деветка, Вранг го следеше со кец и шестка. Двете срциња кои излегоа на флопот му отворија шанса на Вранг со својот кец во срце. Трнот покажа уште едно срце, исто така и риверот. Со тоа Вранг го елиминираше Бускет и го освои првиот наслов на ЕРТ и парична награда од 650,000 евра.

Со ова завршува и осмата сезона од Европскиот турнир во покер, која беше можеби и најинтересна за гледање.

 

Коментари