EPT8 Кампион: Останаа уште само 24 играчи по третиот ден на евро турнирот во покер

По напорната битка во третиот ден од европскиот турнир во покер, останаа само уште 24 натпреварувачи.

Најзадоволен по вчерашниот ден е Јаник Вранг, кој моментално има 1,742,000 чипови и е чип лидер на турнирот. Но не е единствен играч кој има освоено над 1 милион чипови.

Меѓу лидерите се наоѓа и Оливер Бускетс кој во извесен период беше и чип лидер, но неговата игра опадна и едноставно беше „ограбен“. Сепак продолжи со исправена глава и успеа да ги зачува моментално 973,000 чипови.

Се очекуваше дека од преостанатите претходни шампиони на ЕРТ ќе ги направат последните 2 дена интересни, но претпоставките беа погрешни. Од осумте кои го почнаа денот останаа само Дејвид Вемлу и Руни Кајсер кој е блиску до испаѓање. Лив Боери, Руперт Елдер, Роберто Романело, Бертранд Госперлиер, Николас Чаути и Мартин Фингер веќе си ги спакуваа работите.

 

По испаѓањето на Бенас Молис, играчите може сега да земат здив бидејќи тој го заврши „кризниот круг“, односно тој беше последниот меѓу отпаднатите кои не добиваат парични награди, оставајќи им на останатите играчи загарантирана сума од 7,500 евра.

Коментари