Мен „Господарот“ Енгајен (Men “The Master” Nguyen)

Роден во 1954 година, во Фантиет, Виетнам, а живее во Бел Гарденс, Калифорнија. На 24 години побегнува од Јужен Виетнам каде што има финансирано дури 2 школи. Во Калифорнија поседува продавница за мебел и перални за алишта.
Во неговата покерашка кариера има освоено 7 WSOP нараквици, 72 парични награди во износ од $3,140,780, додека пак на Circuit шампионатите има освоено 12 награди со вкупен износ од $827,951. Прекарот „Господар“ му е измислен за време на еден од многуте покер турнири на кои има учествувано.

Коментари